




БЕЛОВОДИЦА
БЕЛОВОДИЦА 1912 - 1944 ГОД.
Беловодица за време на Првата светска војна
На 29 Јули 1914 година со нападот на Австро-Унгарија на Србија започнала Првата светска војна..Во таа војна учествувале 33 држави.Македонија не била поштедена од таа војна.Но за разлика од другите земји кои се бореле за свои интереси Македонците се бореле за туѓи интереси. Така Српската војска регрутирала 44 496 Македонци,а Бугарската војска регрутирала 33 046 Македонци. Во овие мобилизации во Беловодица биле мобилизирани 18 селани. Некои од нив се вратиле порано,некои дури по седум години(затоа што ја менувале страната на војување,па се бореле малку за Бугарите,малку за србите). Но имало и такви што воопшто не се вратиле,меѓу оние кои не се вратиле се: Милан Кушов Даме Темелков Димко Кликушов Тале Малезов Камче Шалданов Милан Димитриески(Мојот пра дедо) Селото било преполно со војници и воени заробеници,секоја ден се умирало од глад.Речиси и да немало куќа каде немало сместено војници. За подобра комуникација со фронтот во 1915 година била изградена пруга наречена теснолинејка. Пради нерамниот терен малиот воз одел многу бавно.На Асановец под манастирот била станицата ;Беловодица ;каде што имало и резервоар за вода.Просечната брзина му била 10 км.на час. Бугарските војски во Беловодица останале до 1918 година.


