top of page

НАСТАНОК НА СЕЛОТО

Денешното село е старо нешто повеќе од 300 години,за разлика од старото село кое било дури од римско време.

Старото село се наоѓало на 2км југо-западно од денешното село и било сместено на бреговите од Бела река и средна(ливадска)река .Според кажувањата тоа било големо село а за тоа сведочат и топонимите односно имињата на некоии локаци:Селиште,Анови,Горна црква,Друм и др.Главниот пат од Вардарската долина за Солун водел токму низ селото во кое имало анови,пазари,цркви...Црквата помеѓу мостовите „Долна Црква“на стариот пат се претпоставува дека е уште од Римско време.Во оваа црква и во горна црква се венчавало и крштавало се до изградбата на новата црква свети Никола во 1887 година.

Но тоа големо село целосно било уништено од чумата која во 17 век се појавила во Македонија.

Подоцна сегашната местоположба на селото ја населиле според некои три а според некои шест семејства.

За најстари семејства и основачи на селото се сметаат:Димитриевци,Дамковци,Ристевци,Кочовци,Филиповци и Аџиови.

На местото каде што е сега селото било дабова шума која селаните ја исекле користеќи ги дрвата за градба.

Селото растело и се ширело,се доселувале нови фамилии од Бело поле,Мајно,од Мијачкиот крај,исто така и од влашките семејства кои со своите стада овци минувале низ селото,некои од нив останувале да живеат  тука.

Created by Simon Dimitrieski
bottom of page