




БЕЛОВОДИЦА
Оваа веб страница е наменетa за промоција на селото Беловодица.Главна цел на оваа страница ќе биде таа да претставува еден вид на информативна табла,за секаков вид на информации поврзани со Беловодица.
Постојат луѓе кој секојдневно се навраќаат во родниот крај при тоа промовираќи го како идеално место за пикник и планинарење .Последниве години Беловодица стана доста посетувано место како од оние што нивните предци се од тука,така и од други посетители чија цел е да избегаат од градските гужви и да уживаат во убавата природа.Особено посетен е Манастирот Свети Георги,вештачкото Беловодичко езеро како и во последно време најновата атракција а тоа е малото мермерно езеро.
Документирање на животот на Беловодичани,за нивните подеми и падови,за настанокот на селото..Сето тоа го собра и го напиша во книгата Беловодица(монографија)Госпоѓата Драгица Игњатовиќ(Милановска).
Поголем дел од информациите што ќе ги сретнете тука се токму од таа книга и од други извори.
Па затоа со отворањето на овај веб страна ќе се обидам да доловам дел од некои интересни податоци и настани поврзани со ова село а со тоа да создаде една интересна веб локација за сите оние кој на некој начин се поврзани со Беловодица.
Исто така се надевам дека ќе се дружиме и дека ќе ја надоградуваме оваа страна со информации.Ме радува и тоа што на Фејсбук е направена доста добра страна за Беловодица насловена како:Сите љубители на село беловодица,па се надевам на соработка со сите мои земјаци и сите љубители на с.Беловодица.Доколку некој сака да напише нешто интересно за Беловодица ,или да постави некоја слика,да напише некоја информација за својот род за селото и т.н за да може да оставиме едно наследство во електронска форма за следните генерации,може да ме контактира на емаил адресата: dimitrieski75@gmail.com или на ФБ Симон Димитриески
или директно во
П.С.Веб страната е посебно наменете за Виндос,Андроид и Ејпл верзија.Значи зависно од тоа со кој оперативен систем отворате изгледот е малку подруг.


Беловодица се наоѓа на источната страна од градот Прилеп.На 17км оддалеченост од градот од десната страна на автопатот Прилеп-Скопје,на 5 км.одалеченост од автопатот.
Наши пријатели




© 2015 by Симон Димитриески.


