




БЕЛОВОДИЦА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Местоположба:
Не знам точно од каде Беловодица го добила своето име,можеби по бистрата вода што блеска на сонцето,но како и да е името е убаво.
Беловодица се наоѓа на источната страна од градот Прилеп.На 17км оддалеченост од градот од десната страна на автопатот Прилеп-Скопје,на 5 км.одалеченост од автопатот.
На исток од селото се наоѓат Мала и Голема скрка.Тоа се каменести ридчиња покриени со смрека и други ситни грмушки.Понатаму зад тие ридчиња се протега Дренска планина.
Од подножјето на оваа планина извираат многу поточиња од кои настанале:Дренска река,Уши и чешмата Средурид.Јужно од селото се Гарвански стени.На југоисток е с.Вапрчани,а на југ е селото Дуње од каде што започнува областа Мариово.Западниот дел од Беловодичкото поле,го заштитува Студеница и Биди маш кој е дел од Селечка планина..Овај дел е богат со потоци со бистра природна студена вода.
Исто така во овај дел во месноста Двор има извор на кисела вода(но оваа година беше пресушен).
Во продолжение на Бидимаш,преку превојот Плетвар е планината Баба.
Северната страна е пониска,порамна и отворена кон с. Тројаци
Месности во селото:
На овие месности имињата им ги дале селаните се со една цел,за полесно да се ориентират.
Ќе наброиме некој од нив:Лигураса,Балицки рид,Дујгас,Црквица,Гарвански стени,Студеница,Церот,
Длабока река,Големи ливаѓе,Камберица,Чифлигот,Селиште,Средурид,Змер,Двор,Дренска планина,
Говедарница,Голема скрка,Мала скрка,Дупен камен,Габерот,Киклушеви трла......и многу други.
Хидрографија:
Беловодица,како што може да се забележи и според името е богата со бистри води.Селската река
настанала од две помали реки:Дренска река и Уши кои извират некаде на Змер и Голема скрка.Овие две реки се соединуват на средурид и тука ја формираат селската река.Под селото во неа се влева поточе од
чешмите Ливада и Трајаница.Потоа тука е и Бела река,името го добила поради бистрата вода.Оваа река ја формираат повеќе поточиња кои извираат од месноста Кладенци,за пото во неа да се влее и селската
река.Во месноста Големи ливаѓе има многу мали и големи извори и потоци.Па така од нив наста нуваат реките:Двор,Ливадска средна река,Длабока река.
Потоа овие реки кај месноста Асановец,се соединуваат и потекуваат надолу мешаќи се со Плетварската река и се соединува со бела река кај месноста анови.Порано во Беловодица имало и голем број на воденици па ќе наброиме некои од нив:Димитриовска,Цветковска,Попова,Кочовска ,Бечова,Селска...
Во близина на селото зад ридчето на Бела река е изградено и вештачкото езеро Беловодица.А во последно време доста актуелно и посетено е езерцето со тиркизна боја, сместено во напуштениот рудник за мермер над селото
Беловодица се карактеризира со умерена клима.Зимите знаат да бидат обилни со снег,а летата умерено топли,поради блиските шуми.На зима најчесто дува северецот и Порегот кој дува по долината на Дренска река,а на пролет дува Југот.