




БЕЛОВОДИЦА
НАСЕЛЕНИЕ
Во Беловодица како и некогаш така и сега живееле и живеат Македонци од Православна вероисповед.До 1912 год.во селото живееле иТурци за што сведочат и некои топоними:Асановец,Чифлик,Турски гробишта и др.
Според пописот на населението од 1915 година селото броело 598 жители.
Во 1936 година имало 94 домаќинства со 560 жители.Во 1944 година бил направен подетален попис на населението а тоа изгледало вака:до 18 годишна возраст биле 224 жители,работноспособни жители имало 277 жители,а старци имало 56.Од тоа 302 биле мажи а 255 биле жени или вкупно 557 жители.Во 1945 година имало 102 домаќинства со 564 жители.во 1950 година имало 457 жители.Понатаму во годините што следеле населението во селото се повеќе се намалувало.Сите заминувале во потрага по подобар живот и иднина.Претежно се иселувале во Прилеп и Скопје но исто така ги има и во други градови но и држави.Денес во селото живеат само неколку жители.
Според бројот на жители,Беловодица спаѓало во поголемите села,а било најголемо во општина Плетвар
Раселувањето најзабележително било меѓу двете светски војни,потоа стагнирало за некаде после педесеттите години иселивањето нагло да започне.Селото го дели реката на два дела и па така се и населението се делело на две малаа